Идентификувани уште шестмина за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски

Date:

Грчката полиција идентификуваше уште шест лица од групата, кој пред два месеци упадна на изложбата во Солун на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, со што вкупно се идентификувани 11 лица, јави дописничката на МИА од Атина.


Од грчката полиција соопштија дека во рамките на континуираната истрага и по наредба од Основното обвинителство на Солун биле идентификувани уште шест лица, пет мажи и една жена, сите грчки државјани на возраст од 20 до 44 години, додека пак на почетокот на мај беа идентификувани пет лица.

Против идентификуваните е покренат предмет за противзаконито насилство, кривично дело со расистички карактеристики и за поттикнување на извршување кривични дела, дела на насилство или раздор против лице врз основа на национално потекло.

-Петмина од горенаведените, заедно со пет веќе идентификувани лица и уште тројца соучесници, дејствувајќи како група со обединети сили, ментална поврзаност и националистички мотиви и со скриени лични карактеристики, упаднаа со закачување печатен материјал и повикувајќи го уметникот да ја прекине изложбата, соопштија од грчката полиција и додадоа додека истрагата продолжува за идентификација на останатите инволвирани лица.

Дополнително, од полициската истрага произлегло дека меѓу идентификуваните е и еден 44-годишен кој е одговорен за комуникација за регионот на северна Грција на подмладокот на организацијата со националистички карактер, на чиј сајт беше објавено видеото од упадот.

На 26 април, група членови на подмладокот на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што во тек беше изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...