ИДЕАЛНО МЕЗЕ ИЛИ ПРЕДЈАДЕЊЕ: Поховано сирење во сусам со мед

Date:

Крцкаво надвор, кремасто внатре – ова е идеално мезе или предјадење кое комбинира солено и благо на вистински начин. Брзо се подготвува и изгледа прекрасно на трпеза!

Состојки (за 4 лица):

250 грама фета сирење или сирење во саламура

2 јајца

1 лажичка црвен пипер

1 лажичка свежо мелен црн бибер

80–100 г брашно

100 г сусам

4 лажици цветен мед

Начин на подготовка:

-Подготовка на сирењето: Извадете го сирењето од саламурата и внимателно избришете го со хартиена салфета.

Исечкајте го на коцки или форма по ваш избор.

-Панирање: Во една чинија разматете ги јајцата со вилушка.

Во втора чинија измешајте брашно, црвен пипер и бибер.

Во трета чинија сипете го сусамот. Сирењето најпрво се потопува во јајце, потоа се валка во брашното со зачини. Повторно се потопува во јајце и на крај се валка во сусам. Повторувајте го процесот додека не јго потрошите целото сирење.

-Пржење: Оригиналниот рецепт предвидува пржење во длабоко маслиново масло, но ист резултат ќе добиете и со пржење во нелеплива тава со малку маслиново масло.

Пржете по неколку минути од секоја страна, додека не добијат убава златна боја.

Оставете ги похованите парчиња да се исцедат на кујнска хартија.

Ако медот не е течен, стоплете го малку. Додека сирењето е сè уште топло, прелијте го со мед.

Совети за сервирање: Послужете го топло, како предјадење или со чаша бело вино. Одлично оди и со свежа салата или печени јаткасти плодови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Вардар ја слави својата 12-та титула, а Седлоски четвртата!

Готово е. Вардар е првак на Македонија за сезоната...

Гвардиола им ветил Ролекси на играчите на Барнли ако го сопрат Арсенал

Кулминира драмата во борбата за шампионската титула во Премиер...

Трамп: Само САД и Кина можат да дојдат до иранскиот ураниум

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека само САД и...