Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски кој ја освои титулата во двојки, загуби во финалето во сингл конкуренција со 1-2 од Клемен Табур на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија.
Ивановски го загуби првиот сет од францускиот тенисер со 4-6, а потоа го доби вториот сет со 6-3 и израмни на 1-1.
Во третиот решавачки сет Табур победи со 6-2 и го доби мечот со 2-1 во сетови освојувајќи ја титулата.
Ивановски вчера ја освои титулата во двојки заедно со неговиот колега Олександр Овчаренко, откако во финалето беа подобри од Андреј Шепелев и Микалај Халиак со 2-1 во сетови.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]


