Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски е на чекор до пласман на главниот турнир од АТП челенџер серијата што се одржува во романскиот град Јаши.

Ивановски во првото квалификациско коло триумфираше над Брендон Вокин од Австралија совладувајќи го со 6:2 и 6:2 во меч што траеше еден час и 24 минути.

За влез на главниот турнир Ивановски ќе се соочи со домашниот тенисер Дан Александру Томеску кој забележа победа од 6:4 и 6:2 во дуелот против Иља Снитари од Молдавија.