Калин Ивановски со два фуриозни меча се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Австрија, на кој досега успеа да надигра двајца домашни тенисери кои влегоа со големи амбиции.
Најдобриот македонски тенисер во првото коло му допушти само еден гејм на Петер Голдштајнер, а убедливото издание денеска го продолжи и против вториот Австриец кој доби шанса да игра со вајлд-карта.
Турнирот во Крамсах се игра на земјена подлога и наградниот фонд на фјучрсот изнесува 25 илјади американски долари, па со оглед на прикажаното досега, Калин останува еден од главните фаворити за трофеј.
Ивановски денеска славеше со 6:1 и 6:2 против Сил Гачери и се пласираше меѓу осумте најдобри на турнирот, што воедно значи дека сега на ред е четвртфиналето.
Во оваа фаза, Калин ќе игра и против трет Австриец, Сандро Коп, а дел од ждребот во четвртиналето и натаму е првиот носител на турнирот, Британецот Крафорд.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]