Ивана Манас ja отвори ревијата на Токио Џејмс во Милано

Date:

Македонскиот интернационален модел Ивана Манас повторно го привлече вниманието на светската модна сцена, откако ја отвори ревијата на реномираниот бренд „Токио Џејмс“ (Tokyo James) на Миланската модна недела.

Настапот на ваков престижен настан претставува огромна чест и признание за секој модел, а Ивана со својата харизма и професионалност успеа да остави неизбришлив впечаток на публиката и модните критичари.

Ивана има богато искуство со познати светски брендови како „Dolce&Gabbana“, „Rick Owens“ и „Philipp Plein“, а нејзината кариера е збогатена и со фактот што беше единствената Македонка која стана заштитно лице во кампањата на „Долче и Габана“ (Dolce&Gabbana).

„Останувам во Милано до крајот на сезоната за да работам на уште неколку значајни проекти“, изјави Ивана, додека нејзината агенција Модел Ин  со гордост ја поддржува во нејзиниот успешен пат.

За нејзините успеси говори и Алек Наумовски сопственик на агенцијата која години наназад успешно лансира македонски модели на светските модни писти, меѓу кои се Елена Реи, Катарина Ивановска и многу други:

„Ние соработуваме веќе 6 години, Ивана е единствена и уникатна, ние знаевме дека ќе го освои модниот свет само беше прашање на време. Најгорди сме и огромна чест и привилегија е што сме соработувале сите години наназад. Верував во неа уште на самиот почеток и знаев дека еден ден ќе биде супер модел“.

Со овој успех, Ивана Манас уште еднаш докажа дека талентот и упорноста водат до светската сцена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА –ДЕЛО ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Историската...

Вардар патува за Финска, КуПС е првата пречка во Лигата на шампионите

Ждрепката одлучи македонскиот фудбалски шампион Вардар во првото квалификациско коло од...

Трамп: „Имав многу добра средба со Зеленски. Премногу се гине во војната“

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите на...

Проект вреден 6,5 милиони евра: Македонија добива центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Македонија ќе го добие првиот центар за вештачка интелигенција...