Зурли и тапани ечеа на Галичник: Галичка свадба успешно ги чува вековни македонски традиции

Date:

Галичник во текот на викендот ечеше од писокот на зурлите и тапаните. Стројни моми и момци, облечени во прекрасната живописна и филигрански изработена галичка носија, оро виеја и на големиот број посетители, дојдени од сите страни на светот, автентично им ги презентираа уникатните свадбарски обичаи и ритуали, дополнети со изворна свадбарска песна, „а капела“ исполнета од сватовите, што кај присутните предизвикуваше воодушевување. Во центарот на вниманието и на годинешното одбележување беше големиот јубилеј, шеесет години од одржувањето на првата туристичко–културолошка манифестација „Галичка свадба“ (1963 год.), а со тоа се одржа 49-то издание. Сите присутни се веселеа, пееја, играа и уживаа во следењето на дел од свадбарските обичаи и ритуали, кои во минатото траеле шест-седум дена, а беа изведени над триесетина на повеќе локации.

Во центарот на вниманието беа младоженците Оливер Андреевски, дипломиран етнолог и антрополог, и неговата избраничка Елисавета Булоска, дипломиран психолог и гешталт-терапевт, по потекло од Охрид.

Младенците го изговорија судбоносното „да“ во монументалната црква „Св. Петар и Павле“, која се наоѓа во центарот на Галичник, со сите црковни церемонии со кои чиноначалствуваше надлежниот дебарски архијерејски намесник од Дебарско-кичевската епархија на МПЦ–ОА.

Животната желба ми се исполни, се чувствувам прекрасно заедно со мојата Елиcавета. Мечта ми стана јаве. Не е лесно да бидеш зет на Галичка свадба, тоа го „обработив“ како учесник – сват на неколку Галички свадби – рече младоженецот Оливер.

И невестата Елисавета беше пресреќна што по познанството со Оливер, Галичник им ја пламна нивната љубов, а Петровден им ја круниса со брак.
Покровител на годинешната „Галичка свадба“ беше председателот на републиката, Стево Пендаровски.
Во петокот навечер, на платото пред опеаната чешма Упија и пред црковниот храм „Св. Петка и Павле“, каде што беа изведени свадбарските ора „тешкото“, „невестинското“ и други, триото сестри „Караџозовски“ го промовираа носачот на звук со осум свадбарски песни што се изведуваат на свадбарските обреди.

Целата манифестација, во која покрај семејствата на младенците учествуваат и бројни статисти, ја проследија повеќе стотини гости. Највисоки гости и годинава беа претседателот на државата, Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска. Претседателот, традиционално, е покровител на манифестацијата чија цел е да се продолжи и зачува традицијата и обичаите на Мијаците.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...