Португалскиот фудбалер на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа како седи во сауна со лакирани нокти на нозете. Тоа го забележале и фановите кои биле изненадени и се прашувале зошто го направил тоа.

Не е прв пат, бидејќи на сликата објавена во јануари, со познатиот ММА борец Фенис Нгану, има лак, иако само на палецот.

„Дали нешто пропуштив само јас или сите? Дали Роналдо навистина си ги лакира ноктите“, напиша еден фан на социјалните мрежи кога ја видел фотографијата.

Но веднаш стигна објаснување, германски „Билд“ посвети текст токму на тој детаљ.

“Многу познати спортисти го прават тоа, нанесуваат лак за да се заштитат од бактерии и габи, особено ако поминуваат часови и часови во испотени патики. Тоа го правеше и Мајк Тајсон”, се наведува во текстот.

Роналдо го напушти Манчестер Јунајтед по скандалозно интервју и потпиша за Ал-Наср. Меѓутоа, таму не му оди најдобро. Тој покажува знаци на нервоза, ги гуши противничките играчи, а неговиот тим е се подалеку од борбата за титулата. Има три бода помалку од првопласираниот Ал-Итихад и меч повеќе.