„Снимањето секс сцени со Анџелина Џоли е како да снимаш сцена во која паѓаш од коњ“ – рече во една пригода Антонио Бандерас, кој во 2001-ва година имаше можност да го снима филмот Original Sin со убавата актерка. Зошто ова биле најтешките секс сцени што некогаш ги снимил?

Во 2001-ва година, Анџелина Џоли и Антонио Бандерас го снимија филмот Original Sin кој ќе остане запамтен по провокативните секс сцени, но и по тоа што доживеа голем неуспех во поглед на гледаноста.

Снимен со буџет од 42 милиони долари, филмот едвај успеа да собере 35,4 милиони долари во киносалите, а критичарите воопшто не беа задоволни од ова остварување.

Дури, Анџелина Џоли беше номинирана за „Златна малина“ за најлоша актерка по улогата во овој филм.

Original Sin е адаптација на романот Waltz into Darkness од Корнел Волрич, а ја следи приказната за една жена која заедно со својот љубовник прави план да се омажи за богат земјопоседник, со цел да му ги земе парите.

Ова е филм исполнет со смели секс сцени, а актерот Антонио Бандерс во една пригода откри дека нивното снимање за него било вистински кошмар.

Интересно е што режисерот Мајкл Кристофер во тоа време имал други планови, но голем број од снимените секс сцени морале да бидат отстранети за филмот да добие дозвола да се прикажува за публика над 17 години.

Бандерас во својата кариера снимил безброј секс сцени, но вели дека тие со Анџелина Џоли биле најтешките во неговата кариера. Како што рече, нештата не биле толку забавни за снимање како што изгледаат.

„Снимањето секс сцени со Анџелина Џоли е како да снимаш сцена во која паѓаш од коњ. Мора да направиш да изгледа реално, но не е.

Моравме да снимиме мошне интензивна секс сцена во Original Sin, но, во реалноста нештата не се такви како што изгледаат на екран“ – рече тој.

Актерот рече дека му биле поставени многу ограничувања заради кои морал да биде креативен.

„Не смеев да ја допрам затоа што имаше тетоважи насекаде и мораа да ги прекријат со шминка, па требаше да внимавам за да не ја избришам шминката“ – појаснува тој.

Освен што филмот им задавал главоболки додека работеле, исто така тој имаше влијание и врз нивниот приватен живот.

Во тоа време Анџелина беше во брак со Били Боб Торнтон, а Антонио беше во брак со Мелани Грифит, а актерката воопшто не беше задоволна кога во таблоидите почнаа да кружат гласини за наводна афера.

„Зборувате за маж кој е многу вљубен во својата сопруга и има прекрасни деца со неа. Тие се прекрасно семејство.

Јас, од друга страна, сум лудо вљубена во мојот сопруг и имаме одлична врска, па самата идеја дека некој од нас би сакал да го изневери партнерот е навредлива и ме разлутува“ – рече тогаш актерката.

Од друга страна, Мелани Грифит често знаела да помине на снимањето на филмот и да се поздрави со сопругот.

Анџелина во една пригода рече дека токму Мелани била таа што го поттикнала Антонио да ја прифати улогата во Original Sin.