ЗНАЧЕЊЕТО НА ПОИМИТЕ „ЕЛИНИЗАМ“ И „МАКЕДОНИЗАМ“ (14)

Date:

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Поимот „елинизам” воведен е во историографијата од страна на германскиот историчар Дроѕсен, 1877-78 година, а подоцна е прифатен и од други автори (Фергусон, 1911, Хеусс, Лаунеѕ, 1949, Белоцх, 1927 и други). Појдовна точка на овие автори била дека македонската култура и историја припаѓаат на елинскиот корпус. Тие тоа го сториле земајќи ја во предвид архетипската праисторија на Централниот Балкан и неговата култура која од север се селела на југ, исток и запад.


Тоа пред сè ни го потврдува мезолитската архетипска уметност на „Стара Европа” со епицентар на културата во Лепенски Вир, меѓу 7.000-6.000 години п.н.е., каде е остварена сакрална архитектура и монументална камена скулптура, како и наодите на глинени модели на куќи од Породин, Битолско и други локалитети, додека во останатите делови на Европа во тоа време се живеело по природни засолништа или скромни колиби и шатори.


Од друга страна, пак, уметноста се сведувала само на по некоја гравура на коска или рог (Срејовиќ и Бабовиќ, 1983 година). Потоа следат најновите откритија во Македонија како што се неолитските гравури на карпите, т.н. карпестата уметност од Кратово, со ѕвезвени мапи, христијански симболи и уметнички мотиви (Алексовски, 2001 година).

Или пак најстарите пишани споменици со помош на „македонското” линеарно писмо од 5.260 година п.н.е., на дрвена штичка, од Костур, на локалитетот Дупјак (Диспилио-Касториа), кои ги открил во пронаоѓалиштето на колсојаница, Хоурмоѕзиадес (1996година). Овие и други пронајдоци, како и постојната топонимија, претставуваат најстари пишани споменици за архетипичноста, староста, развојот, распространетоста и континуитетот на македонската култура и цивилизација. Ако тоа се спореди со пишаните документи на тлото на Елада, најдобро е да се повика на систематизација на писмата, која ја направил глосологот Мпампиниоти (1986, 76).

Според него, хиероглифското писмо кое е најдено на Крит, користено е во вид на печат, меѓу 2.000 – 1.750 година п.н.е. Линеарното писмо А, востановено е исто така на Крит и користено е меѓу 1.700 – 1.450 година п.н.е. Овие две писма не се дешифрирани. Линеарното писмо Б од Крит, Пил и Микена, кое е дешифрирано, било во употреба меѓу 1.450-1.200 година п.н.е. Кипарското слоговно писмо се јавува околу VI-IV век п.н.е., а феникиското во X век п.н.е.


Од ова следи дека најстарите графики на тлото на Елада биле помлади за повеќе од 3.000 години од оние во Македонија, за 2.000 години од „винчанското” писмо.
Понатаму, дека македонската, а не елинската култура била подоминантна и можела да им се наметне на Елините не само со подобра организација на државата и со силата на своето оружје, туку и со посупериорна цивилизација, од матерјален, општествен и културен аспект.


Македонските освојувања во Европа, Азија и Африка ги создале македонските кралства, а не елинските. На чело на тие кралства биле македонските династии Антигонида, Селевкида и Птолемеида, а ниеден во тие кралства не бил елински монарх. Насекаде е спроведувана македонската традиција, а не елинската.


Кралот Филип II Македонски владеел со Македонија во периодот 359-336 година п.н.е. Тој многу брзо ги ликвидирал династичките борби и покажал високи државнички и воени способности. Појавата на оваа цврста личност во историјата, е поврзана со најголемите политички и воени успеси кои почнала да ги доживува Македонија, која многу брзо ја претворил во најмоќна држава на тогашниот свет.


Филип II Македонски ја проширил својата држава на исток и ги ослободил Амфипол (357 година п.н.е.), Метона (354 година п.н.е.), Пинд, Потидеја и други градови на македонските брегови на Егејското Море, со што обезбедил излез на Средоземјето. Енергичниот крал на Македонија, уште на почетокот на владеењето, радикално го неутрализирал влијанието на Атина во внатрешната политика на Македонија и обезбедил влијание над соседните Илири, Пеони, Трибали, Тракијци, Тесалци, Олинчани и Епирци. Со растот на авторитетот на Филип и во самата Елада, се појавило промакедонско движење.
На планот на внатрешната политика, Филип II Македонски спровел општествени и воени реформи. Ги неутрализирал сепаратистичките тенденции на старата аристократија и истата ја ставил под контрола. Истовремено тој ги укинал локалните династии во северномакедонските области на Горна Македонија (Орестида, Линкестида, Елимеја), го зацврстил единството на државата и власта. Покрај тоа, вовел финансиски реформи и ја промовирал својата златна валута „македонски статер”, со што ги поткопал економските позиции на Персија и Атина.


Со ова придонел во развојот на трговијата, на останатите стопанства и на целокупното обезбедување на земјата од надворешните непријатели. Кралот направил големи инвестициски вложувања во изградбата на патишта, пристаништа, градови, тврдини и друго. Така на пример, во 344 година п.н.е., на многу погодно стратешко место во Пелагонија, е изграден градот Хераклеа, покрај денешна Битола, а нешто подоцна, во 356 година п.н.е., градовите Филипи и Филипопољ во Тракија.


Истовремено, Филип II Македонски спровел големи реорганизации во армијата на Македонија. Вовел нова стратегија и тактика на војувањето, со употреба на разни видови формации и комбинирани дејства. Главна ударна сила станала македонската фаланга, еден вид тешко вооружана пешадија, чија ударна сила немала на себе рамна во тогашниот свет. Тоа биле одреди на пешадијци, распоредени во тактички формации со длабочина од 16 редови, а вооружени, покрај останатото, со копја (сарисе) долги околу пет метра. Коњаницата станала многу важно средство за напад, изненадувања и маневри. Македонската воена и мирновременска морнарица, со бази во Термајскиот Залив, придонела во развојот на стопанството и заштита на бреговите.


Кралот на Македонија ги усовршил воената дисциплина, обуката на војниците и вооружувањето на својата армија. Вовел нови опсадни средства, дотогаш непознати, како и употреба на кучиња-трагачи и чувари за воени дејства, пред сè во планините на Тракија, Илирија и Грција.


Тој ги проширил правата и привилегиите не само за припадниците на коњаничките единици составени од аристократски семејства, туку и за целата војска. Чувајќи ја старата македонска традиција на својата Аргеадска династија, Филип II Македонски бил врховен војсководец, судија, како и првосвештеник. На собрание на војската се решавале сите важни прашања. Собранието го потврдувало и новиот крал со акламација, го решавало прашањето за наследникот и претставувало врховен суд во случај на велепредавство.

Централизацијата на власта која ја спровел Филип имала општествена и интегративна функција. Ова многу критички го изнел Демостен (384-322) од Атина, кој рекол дека „Филип Македонски бил истовремено војсководец, благајник, политичар, дипломат и дека никој никогаш така не ја зоврел Европа како синот на Аминт”.


Вечниот антагонизам меѓу Македонија и Елада, освен Спарта, дошол повторно до израз за време на Светата војна во Средна Грција, кога Фокиѓаните го ограбиле Делфинското светилиште и со сета војска ја тероризирале цела Грција. Не можејќи да се справат со тоа, Грците му се обратиле на Филип за помош. Македонската интервенција во 352 година п.н.е. настапила со блескава победа, со казнување на Фокиѓаните и со проширување на македонската власт од Тесалија до Термопил.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...

Ангелов: Ниту еден бранител не е опфатен со Законот за бранители

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов истакна предлог-законот за бранителите...