ЗНАЧАЈНИТЕ ИСТРАЖУВАЊА ВО АРАБИЈА И КАЈ РЕКИТЕ ТИГАР И ЕУФРАТ (33)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – II ДЕЛ

Според Аријан, некој како ексконзулот на Рим, направи приказ кога се слушна од други извори дека Александар Македонски еднаш испратил строг укор до Римјаните поради учество на Антијатите во пиратството на Етрусканците. Александар Македонски ги прими сите тие дипломатски претставници кога планираше војна за освојување на Запад. Притоа, може да се замисли со колку голем интерес ги прими овие луѓе и разговараше со нив, со цел, доколку е можно, да добие повеќе точни информации за нивните земји.

Кога ја префрли реката Тигар и се приближи кон Вавилон, го пресретнаа дипломатските претставници на Калдеанците, кои го предупредија за влегувањето во Вавилон, бидејќи според пророштвото од Мардук тоа за него ќе биде лошо. Александар Македонски имаше причини да се сомнева во лагата на лукавите свештеници.

Тој научи дека тие се покорија од страв и наскро ја игнорираа наредбата што тој им ја издаде во 331 година за да го обноват храмот на Мардук, а кој беше уништен од Ксеркс, бидејќи со завршувањето на работата тие би го загубиле богатиот приход на храмот кој сега одеше во нивните џебови.

Затоа тој го одби нивното предупредување. Но, кога најпосле тие го замолија да влезе во градот од западната страна, а не од источната, имаше желба да се соочи со нив за ова, но наскоро сфати дека влегувањето од западната страна е невозможно.

Така, наспроти предупредувањето на свештениците тој влезе во градот од источната страна. Природно, пророштвото предвиде негова смрт веднаш потоа.

Првата работа што Александар Македонски ја направи во Вавилон беше тоа што започна со голем ентузијазам да ја подготвува својата арапска експедиција. Немаше намера да го освои арапското копно, туку само некои делови на морскиот брег или блиските острови, на кои имаше добри пристаништа или беа погодни за стационирањс; сакаше да ги освои со цел да му послужат во натамошните патувања на трговските бродови.

Но, најважна цел беше да се пронајде водениот простор околу Арабија, да се открие патот до Црвено Mope и погоре до Херунпол (во близината на Суец) и да се направи морска врска меѓу Вавилон и Александрија Македонски.

За оваа експедиција требаше да се собере флота во Вавилон. Океанската флота на Неарх која отплови по реката Еуфрат до Вавилон, го чекаше кралот и беше зголемена со бродови направени од кипарисите на Вавилон.

Исто така, беше наредено да се изградат воени бродови во погодните пристанишни места на феникијските градови. Бидејќи беа разделени на делови можеа да се транспортираат по копно до Тапсак, таму да се составуваат и можеа да се доведат по реката Еуфрат до Вавилон.

Во исто време Александар Македонски нареди да се започне со ископување на големо пристаниште во Вавилон, толку големо, како што вели Аријан, да прими 1.000 воени бродови со својот простор. Ова е само бројка која не го потврдува заклучокот дека Александар Македонски сакаше тогаш или подоцна да собере илјда воени бродови на тоа место.

Огромното пристаниште не се претпоставуваше дека ќе биде само за азиската флота која беше многу помала, туку тоа да биде станица за трговски бродови. Во иднина Александар Македонски сметаше на голема трговија меѓу Индија, Персискиот Залив и Египет, a Вавилон требаше да биде главното место за размена на ваквата источна трговија. Согласно неговите древни традиции, Вавилон прерасна во центар на азискоатичкиот свет.

Погрешно е мислењето дека тој го направи Вавилон постојан главен град на својата целокупна империја. Тоа е вистина само за неговата Азискоатичка империја. Ако неговите планови за Запад се материјализираа, не можеше да владее со својата светска империја од Вавилон. Но поради својата местопложба, Александрија Македонски во Египет беше одлично лоцирана за таа намена, како главен град на западната светска империја.

Bo првиот пример, пред да започне патувањето на флотата, морскиот брег на Арабија требаше да се испита што е можно подлабоко. Александар Македонски претходно испрати брод со триесетина веслачи на чело со Архија од Пела, кој веќе имаше добиено висока позиција во текот на патувањето со Неарх. Меѓутоа, Архија не отиде подалеку од островот Тилос (Бахреинскиот Остров) во Персискиот Залив.

Откако му го предаде својот извештај, Андростен од Тасос беше испратен со иста цел и со сличен објект. И тој изгледа дека не отишол зад Тилос, но донесе вредни испитувања за флората на островот.

Според неговиот опис, пресметано е дека тој бил во зимата (декември-јануари) и дека овие патувања со научна цел беа определени со наредба од Екбатана (325-324). Третиот кој беше пратен на вакво патување беше Хиерон од Солој кој доби наредба да оди околу Арабија до Херунпол. Тој најмалку отиде до Макета, што Неарх го видел од Ормуз.

Но кога виде колку бескрајно се протега морскиот брег, се врати и му изјави на Александар Македонски дека Арабија е изненадувачки голема, не многу помала од Индија. Попусти беа резултатите за синхронизирање на експедицијата на Анаксикрат, кому Александар Македонски му нареди да тргне од спротивната насока и да оди од Херунпол околу Арабија во Персискиот Залив. Тој помина низ Бавел-Мандеб но се врати бидејќи му недостасуваше вода.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...