Злато за Трајковски! Во Монако се интонираше химната на Македонија!

Date:

Македонскиот репрезентативец и член на АК Работнички, Андреас Трајковски, го освои златниот медал во скок во далечина на Европското првенство во атлетика за мали земји (European Challenger Championships), кое денес се одржа на легендарниот стадион Stade Louis II во Монако.

Андреас уште во втората серија го постави победничкиот резултат од 7.62 метри. По првиот скок од 7.43 метри, тој значително го подобри резултатот и изби на првата позиција. Поради грчеви во мускулот беше принуден да го прекине настапот и да не ги изведе преостанатите скокови, но и покрај тоа неговиот резултат остана недостижен за конкуренцијата.

Андреас Трајковски (Македонија) – 7.62 м

Мухамет Кнџели (Албанија) – 7.46 м

Андреас Мачалекидес (Кипар) – 7.33 м

Ова е уште еден значаен меѓународен успех за македонската атлетика и потврда за континуитетот на Трајковски, кој и оваа сезона продолжува со одлични настапи на меѓународната сцена.

Денес во Монако, на победничкиот подиум се развиори македонското знаме, а од звучниците се слушна македонската химна – момент кој секогаш предизвикува гордост и силни емоции кај секој што ја претставува Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мира Андреева е победничка на Роланд Гарос

Деветнаесетгодишната руска тенисерка Мира Андреева ја освои својата прва...

Иднината на Филип Кузмановски: Азиска авантура и европски амбиции

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски се наоѓа во клучна фаза од кариерата,...

Нова ескалација на војната во Персискиот Залив

Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат и покрај напорите за...

ОПТИМИСТ СУМ ЗАТОА ШТО САМО ЈАС ИМАВ БИЛАТЕРАЛНИ СОСТАНОЦИ СО МАКРОН И МЕРЦ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека неговиот оптимизам по самитот...