Златни деца од Гевгелија како Нина продаваат крофни за лекување на Луна

Date:

Марија која има само 11 години, инспирирана од нејзината врсничка Нина во Србија, која продаваше крофни за да собере пари за лекување на нејзиниот татко, од вчера го прави токму истото – продава крофни и лимонада за помош на другарчињата. Нејзе и се приклучија и хуманите Петар и Силвија, кои исто така, имаат свој штанд на плоштадот, каде продаваат слатки за да и помогнат на Луна.

Вчера на плоштадот имало многу сограѓани, кои дошле да купат слатки. Мајка и на Марија вели дека се изненадени од хуманоста и дека крофните се распродале како алва.

Марија тој пост го виде, по споделивме и посака и таа да помогне ми вика може ли и ние крофни исто како девојчето од Србија да продаваме? И реков нема проблем , ако сакаш ние ќе донираме. Се продадовме имаше толку многу голем број дури и што немаше на некој што да му дадеме после тоа. Затоа денес решивме уште од сабајле еве почнавме да бидеме дупло од вчера, поголем број. Значи и комшии и други што слушнале носат брашно , некој носи зејтин за да помогне не прашуваат дали сакаме да ни помогнат со пржење со месење. Кој што сака да помогне , нека дојде на штандот таму со Марија и нека продаваат кој што има. – Даниела Митрова, мајка на Марија

Мајката на малата Луна, вели дека е бескрајно благодарна за гестот на трите дечиња.

-Марија, 11 годишното девојче инспирација и била од Србија и само рече јас морам да соберам пари за нашата Луна да биде покрај нас и да не и згасне животот , пошто времето на нас ни е кратко, значи до август и почеток на сепрември ние мораме да ги имаме парите. Апел до сите сите што имаат било каква идеа да се направи нешто хуманитарно се добредојдени и слободно може да го направат ова од срце, сепак Луна ќе им биде благодарна.- Елена Поп-Костова, мајка на Луна

На идејата на Нина од Нови Сад не остана никој рамнодушен. Почнаа да стигнуваат донации од целиот регион, а македонскиот дизајнер Кардула и подари постер со нејзиниот лик.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...