Зејн Малик откри дека никогаш не бил вљубен во Џиџи Хадид

Date:

Пејачот Зејн Малик во ново интервју откри какви чувства има кон својата поранешна девојка Џиџи Хадид, пренесува „Дејли мејл“. Во разговор со Алекс Купер за емисијата „Call Her Daddy“, Малик се осврна на изјавата од 2024 година кога рече дека не е сигурен дали навистина се вљубил во неа.

„Моето разбирање за љубовта постојано се развива. Во тој момент можеби мислев дека е љубов, но како што стареев, сфатив дека можеби не беше. Можно е тоа да беше само страст. Не чувствувам дека тоа беше љубов“, изјави Малик.

Тој додаде дека секогаш ќе ја цени Хадид бидејќи му родила дете и дека има почит кон неа.

„Секогаш ќе ја ценам, но не знам дали некогаш бев вистински вљубен во неа“, истакна Малик.

Малик и Хадид беа во врска од 2015 до 2021 година, а нивната разделба следеше по вестите дека Малик наводно ја нападнал мајката на Џиџи, Јоланда Хадид, за време на расправија. Пејачот ги негираше обвинувањата, иако доби условна казна од 360 дена поради наводниот инцидент.

Малик, кој од 2012 до 2015 година беше во врска и верен со пејачката од „Литл микс“, Пери Едвардс, изјави дека „не сака повторно јавна врска“, велејќи дека од претходното искуство научил дека тие „не функционираат за него“.

„Не барам јавна врска повторно, и од искуство, без навреда кон никого со кого сум бил во јавни врски, само сум научил дека тоа не функционира за мене. Јас сум прилично приватна личност. Не се трудам за да добијам внимание од луѓето. Врската навистина треба да биде само помеѓу мене и таа личност“, објасни Зејн.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ИЗБОР НА ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (61)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата...

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати...

На едно семејство му требаат 68. 498 денари месечно за основните трошоци

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари...