Вториот дел од филмот „Дина“ започна со својата премиера, а ѕвездите не престануваат да привлекуваат внимание со своите модни комбинации. Зендаја е повторно таа која привлече најголемо внимание на црвениот тепих, но овој пат затоа што се појави без долна облека, пренесува Дејли мејл.

Зендаја блескаше во прекрасен бел фустан со деколте од Стефан Роланд, под кој не носеше долна облека. Фустанот е украсен со златни детали околу рабовите, а актерката го задржа природниот изглед со минимална шминка и долги лабави прамени коса кои и паѓаа преку рамениците.
Зендаја имаше и долги нокти обоени во златна металик боја, а на прстите ставила впечатливи дијамантски прстени.