Контроверзниот црногорски бизнисмен од црната листа на САД, Миодраг Дака Давидовиќ, е еден од најголемите земјопоседници во Македонија, покажува истражувањето на КОД.

Во штипско, тој поседува имот 2,5 пати поголем од територијата на скопската Општина Чаир. Исто парче земја во штипско поседува и фирма на косовски бизнисмени.

Владата веќе донесе урбанистички план со кој на Косовците им овозможува да градат фотоволтаична централа од 200 мегавати. Иако се работи за огромна инвестиција, владата го премолче донесувањето на планот.