„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Date:

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го објави својот најнов сингл „Земји туѓи болки наши“. Оваа емотивна песна е посветена на сите македонци кои поради животни околности заминале од татковината во потрага по подобра иднина. Со длабоки и искрени стихови, песната ги допира срцата на многумина, особено на оние кои се наоѓаат далеку од домот.

Инспирирани од своите бројни настапи пред македонската дијаспора ширум светот, Класико Бенд го создаде овој музички бисер како прва авторска песна која ги опишува чувствата на печалбарите. Како што велат самите членови, ваквите песни секогаш се најдраги на оние кои се далеку од дома, бидејќи во нив ги пронаоѓаат своите емоции и приказни.

Музиката за „Земји туѓи болки наши“ е дело на познатиот македонски музичар Златко Миладиновски, а текстот е напишан од Анита Даева, која со својата поетска дарба успева да долови длабоки чувства и носталгија. Снимањето на песната е во реномираното студио Сити Саунд во Скопје, обезбедувајќи врвен звук и изведба.

Заедно со песната, Класико Бенд го промовираше и видеоспотот кој ја надополнува приказната на песната, нивно првенче кое освен на официјалниот YouTube канал македонската публика имаше можност премиерно да го погледне и на најдобрата македонска музичка телевизија кај нас Balkan Music TV.

Инаку, Видеото е во продукција на една од најдобрите – Art Studio Production, и во него се појавуваат млади од Кавадарци, кои со својата енергија ја збогатуваат визуелната приказна. Главниот актер во спотот е Диме Коцевски, познат актер од кавадаречкиот театар, кој игра улога на таткото. Неговата изведба ја носи тежината на емоциите и болките кои ги чувствуваат оние што се одделени од своите најблиски.

Класико Бенд веќе најавува нови проекти, меѓу кои е и македонски сплет на свадбарски песни, што ќе биде спакуван во 60 минути весела и традиционална музика, создадена со големо внимание и љубов. Ова издание, како што ветуваат, ќе донесе многу радост и веселба на сите свадби каде што ќе се слуша.

Покрај тоа, Класико Бенд со нетрпение го очекува своето патување во Измир, Турција, каде во месец мај ќе настапат пред тамошната публика. На овој концерт ќе бидат изведени сите познати македонски народни песни, како и актуелни хитови, со што ќе се создаде вистинска македонска забава и ќе се пренесе духот на македонската култура и музика во Турција.

Класико Бенд продолжува да ја збогатува македонската музичка сцена со својата посветеност и страст, носејќи радост и емоции до сите што ја сакаат македонската музика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...