Здружението „Нов АСНОМ“: Западот е нестабилен сојузник, вети влез во ЕУ со промената на името, сега поставува нови услови

Date:

Граѓанското здружение „Нов АСНОМ“ цени дека пораката на американскиот сенатор Крис Марфи дадена при неговата посета на Република Македонија, но и на амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, се скандалозни и без преседан и дека всушност ниту тие ниту претседателот Бајден и неговата администрацијата немаат разбирање за чувствата на македонските граѓаним а уште помалку за македонските национални интереси и идентитетски проблеми што се јавија со преспанскиот и бугарскиот договор.

Од здружението велат дека македонските граѓани оправдано се прашуваат каков е тој стратешки партнер што се заканува и поставува ултиматуми и кој не ја препознава и почитува огромната посветеност на Македонија кон евро-атлантските интеграции и европскиот пат, но и болните отстапки што се направени во таа насока.

„Зошто тие немаат сенс за валоризирање на тешките одлуки и политички отстапки што Македонија на своја штета ги направи за напредување во евро-атлантските интеграции? Сенаторот Марфи треба да знае, навистина да знае, дека нашиот пат кон ЕУ е премногу долг и дека нивните стратешко-пријателски ‘совети’ за уставните измени што треба Македонија да ги направи до крајот на годинава, а кои ни ги наметнаа како обврска по ќефот на нашиот источен сосед – најсиромашната членка на ЕУ, до срж болат и му ја параат душата на секој вистински Македонец“, велат од здружението.

„Нов АСНОМ“ го потсетува сенаторот Марфи дека Македонија заглави во европската интеграција како резултат на неисполнувањето на обврските кои Западот, чиј предводник е САД, ги имаше кон нас.

Велат дека САД и ЕУ на Македонија ѝ ветија почеток на преговорите со ЕУ ако го промениме уставното име, а Западот не го исполни даденото ветување за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

Со ова, велат од здружението, се потврдува дека на Западот не треба да му се верува, дека Западот не ги исполнува своите договори со своите сојузници и стратешки партнери и дека Западот е нестабилен наш сојузник. Се додава дека кога на сето ова ќе ги додадеме и срамните идентитетски уцени содржани во францускиот предлог, тогаш апсолутно е јасно зошто е огромна и оправдана нашата тотална скептичност кон понудениот пат кон ЕУ.

„Нов АСНОМ“ јасно и гласно го отфрла вака понудениот т.н. пат кон ЕУ, каде што ние Македонците треба самите да се откажеме од себе си.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ким Кардашијан шокираше со ѓерданот на принцезата Дијана на гала вечер

Ким Кардашијан , во саботата, присуствуваше на хуманитарниот настан...

Хајди Клум за врската со 16 години помлад сопруг: Имаме многу добар секс

Хајди Клум (51) откри ретки детали од возбудливиот љубовен...

Марта Стјуарт тврди дека Рајан Рејнолдс не е смешен во реалниот живот

Марта Стјуарт тврди дека актерот Рајан Рејнолдс, кој и...

Лијам Пејн ќе биде погребан следната недела: Телото наскоро пристигнува во Британија

Погребот на Лијам Пејн наводно треба да се одржи следната...