Здружението „Акцијаши“ ќе постави спомен-обележје со ликот на „Војче Китановски“

Date:

По повод една година од смртта на познатиот хуморист, сатиричар и имитатор, Војче Китановски, Здружението „Акцијаши“, во октомври годинава планира да постави спомен-обележје со неговиот лик.

Сашо Јовановски, член на ова здружение, вели дека спомен-обележјето ќе биде поставено во паркот на „Акцијаши“ до некогашната пицерија „Смок“, пред патеката која води кон црквата „Свети Архангел и Михаил“ во населбата Автокоманда.

– Ќе организираме голем хуманитарен концерт во Домот на АРМ за собирање средства за изработка на споменикот со неговиот лик. Воедно, на голема банер табла ќе се изработи слика, исто така со неговиот лик, на која ќе пишува „Парк на пријателство „Војче Китановски Скопје“ – изјави Јовановски.

Во негова чест, Клубот на „Акцијаши“ веќе го носи името Војче Китановски.

– Во клубот имаме отворено мини спомен-соба со неговите маршалски униформи, а направивме и библиотека со негови книги кои останаа кај нас – информираше Јовановски. 

Исто така, сите негови фотографии (приватни, акцијашки, естрадни) се дигитализираат, а на Фејсбук е отворена страница „Војче Китановски“, каде што се споделуваат разни содржини од неговата естрадна дејност, приказни од неговите книги, како и материјали од неговите работни акции во минатото.

Јовановски истакна и тоа дека на 1 Април, денот на македонската работна акција го уредувале паркот, а во неделата се засадувале цвеќиња во големата цветна корпа која се наоѓа во паркот.

Овој месец здружението „Акцијаши“ ќе го започнат и големиот Проект за еколошко – хуманитарни цели. Проектот ќе се реализира на територијата на општина Гази Баба и со поддршка на општината.

– Првата проектна задача ќе ја реализираме во пензионерскиот дом во Автокоманда. Ќе го уредиме дворот пред овој дом со садење на нова трева и нови цветни насади засадени во посебни цветни украсни садови изработени од разни материјали. Проектот продолжува на 22 Април – Денот на планета Земја со голема акција во училиштето и интернатот за деца со посебни потреби „Партение Зографски“, кое се наоѓа спроти средното училиште „Михајло Пупин“. Ќе се уредува дворот на ова училиште со еколошка акција во која освен членови од нашето здружение и подмладокот на здружението „Велешки Акцијаши“ од Велес, ќе учествуваат и учениците од ова училиште, како и ученици од неколку основни и средни училишта од општината Гази Баба – најави Јовановски.

Активностите ќе продолжат и во наредниот период во парк шумата Гази Баба каде ќе се коси тревата, ќе се кројат дрвја, ќе се собираат суви гранки и отпад во шумата и други активности.

Проектот завршува на 3 ноември со садење на садници во парк-шумата Гази Баба и со голем хепенинг.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВЛАДЕЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР СО ПРОВИНЦИИТЕ ЛИДИЈА И КАРИJА (49)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...