Кој може да му одолее на вкусен тарт полн со слатки состојки што инстантно го подобруваат расположението?
Состојки:
За кората:
- 150 г бисквити без шеќери
- 150 г овес
- 150 г кралски урми
- 50 г стопено кокосово масло
- 60 г јаворов сируп
За филот:
- 50 г индиски ореви
- 200 г кокосово млеко од конзерва
- 80 г црно чоколадо со стевија
- 1 мала лажица екстракт од ванила
- ½ мала лажица сол
- 10 г стопено кокосово масло
Додатоци:
- 30 г печени ф’стаци
- 30 г печени кикирики
- 10 г кокосово масло
- 30 г црно чоколадо со стевија

Приготвување:
1. Потопете ги индиските ореви претходната вечер или доколку се брзате, сварете ги 10 минути на висока температура.
2. Сомелете ги бисквитите, а потоа и овесот. Потоа, вратете ги бисквитите и додајте кралски урми, јаворов сируп и стопено кокосово масло и мелете додека добиете хомогена смеса.
3. Премачкајте калап за тарт со кокосово масло и натапкајте ја смесата на дното и по краевите.
4. Ставете го кокосовото млеко во длабока чинија и стоплете го во микробранова печка една до две минути, а потоа ставете го чоколадото и мешајте додека се растопи.
5. Ставете ги сите состојки за филот во сечко и изблендирајте. Истурете го филот врз кората и ставете го тартот во фрижидер 1 час да се стегне.
6. На страна, ситно исечкајте кикирики и ф’стаци. Ставете ги врз филот, па стопете го чоколадото со кокосово масло во микробранова печка и сипете го врз јатките. Ставете го тартот во фрижидер преку ноќ.



