Во лето, никој не сака да стои до шпоретот, а оваа салата е совршено решение – лесна, освежувачка и доволно заситна за да го замени целиот ручек. Приготвена е за само 5 минути, не дебелее, богата е со растителни влакна и протеини, а сите состојки сигурно веќе ги имате дома.
Кога температурите ќе надминат 30 степени, последно што ни треба е тежок ручек и прегреана кујна. Затоа, оброк-салатите се вистински спас – и за линијата, и за организмот. Оваа комбинација содржи совршен баланс на зеленчук, протеини и здрави масти, а притоа освежува и го лади телото.
Потребни состојки:
- 1 поголема краставица
- 2 домати
- 1 пиперка
- 100 г варено пилешко месо (или тунa од конзерва)
- 1 варено јајце
- 50 г фета-сирење
- 1 лажица маслиново масло
- Сок од половина лимон
- Прстофат оригано, сол и бибер по вкус
- Грст рукола или млад спанаќ
Приготвување:
- Зеленчукот добро измијте го и исечкајте го на ситни коцки. Во голем сад измешајте краставица, домати, пиперка и зеленило.
- Додајте ги иситнетото месо или туната, сечканото варено јајце и издробеното фета сирење.
- Зачинете со маслиново масло, сок од лимон, оригано, сол и бибер.
- Сè добро промешајте, оставете да отстои 2 минути за да се соединат вкусовите – и уживајте

Совети:
- За похранлив оброк, може да додадете варен компир, киноа или интегрална тестенина.
- Наместо месо или туна, можете да ставите варен грав, наут или тофу – за вегетаријанска верзија.
- Салатата е идеална за носење – на работа, на плажа или на излет.
Оваа оброк-салата е доказ дека здравиот и лесен ручек може да биде и вкусен и практичен. На здравје!



