Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Date:

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло на Австралија Опен. Вториот играч на планетата на стартот во Мелбурн го победи Лука Пуј со резултат 6-4, 6-4, 6-3.

Зверев рутински стигна до посакуваниот триумф, а во секој од сетовите му беше доволен по еден брејк. Следен ривал ќе му биде Педро Мартинез, кој во второто коло се пласира  откако Лучијано Сардера при резултат 6-3, 4-1, го предаде мечот.

Второ коло обезбеди и Иго Амбер, кој го совлада Матео Гиганте со 7-6/5, 7-5, 6-3. Негов следен ривал е Хади Хабиб, кој го победи Јунчаокете Бу и со тоа стана првиот Либанец кој славел во Мелбурн.

Следна рунда ќе игра и Опелка, кој со 3-1 во сетови славеше над Готје Онклин од Белгија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...