Александер Зверев минатата година заработи тешка повреда на Ролан Гарос во феноменалниот меч со Рафаел Надал, но откако ги надмина потешкотиите, Германецот повторно го прикажува своето најдобро светло во француската престолнина.

Популарниот Саша вечерва го комплетираше конечниот изглед на четвртфиналињата на Ролан Гарос, бидејќи многу полесно од очекувањата се справи со Григор Димитров и се пласираше меѓу осумте најдобри.

Германецот не му даде никаква шанса на Бугаринот и го преслуша со 6:1, 6:4 и 6:3, а како последен четвртфиналист на Френч Опен, веќе знае со кого ќе игра во следната фаза.

Аргентинецот Ечевери се претвори во најголемо изненадување на годинешното издание на Ролан Гарос, па тоа го потврди и денеска со победата над Нишиока од 3:0 во сетови.

Ечевери ќе биде ривал на Зверев меѓу осумте најдобри, а останатите три четвртфиналиња ги сочинуваат Ѓоковиќ-Хачанов, Алкарас-Циципас и Руне-Руд.