ЗБОРУВАВ СО ПУТИН И СЕ СОГЛАСИВМЕ ВЕДНАШ ДА ПОЧНАТ МИРОВНИТЕ РАЗГОВОРИ ЗА УКРАИНА, КАЖА ТРАМП

Date:

Доналд Трамп објави дека имал „долг и продуктивен“ телефонски разговор со Владимир Путин, при што се согласиле веднаш да почнат мировните разговори за Украина. Тој кажа дека и двајцата сакаат да запре убивањето на милиони луѓе во војната и дека веднаш ќе го информира Володимир Зеленски за разговорот со Путин.

„Со Путин разговаравме за Украина, Блиски Исток, енергија, вештачка интелигенција, моќта на доларот и за други прашања. Двајцата се присетивме дека нашите земји успешно се бореле заедно во Втората светска војна и зборевме за големите придобивки што би можеле да ги имаме еден ден ако работиме заедно. Како прво, се согласивме дека сакаме да запре убивањето на милиони луѓе во војната Русија-Украина. Се договоривме да работиме заедно и веднаш да почнеме со преговори. Веднаш ќе му се јавам на претседателот Зеленски за да го информирам за нашиот разговор“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Тој кажа дека побарал од државниот секретар Марко Рубио, директорот на ЦИА Џон Ретклиф, советникот за национална безбедност Мајкл Волц и специјалниот претставник за Украина Стив Виткоф да ги водат преговорите.

„Милиони луѓе умреа во оваа војна, која сигурно немаше да се случи доколку јас бев претседател и затоа мора да заврши. Сигурен сум дека преговорите ќе бидат успешни“, додаде Трамп.

Тој во повеќе наврати кажа дека може брзо да ја заврши војната во Украина, без да открие како. Министерот за одбрана на САД Пит Хегсет денеска кажа дека не верува дека Украина може да се врати во своите граници пред 2014 и не ја гледа како членка на НАТО.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ИЗБОР НА ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (61)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата...

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати...

На едно семејство му требаат 68. 498 денари месечно за основните трошоци

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари...