Во текот на неодамнешното интервју на „CNN“ со водителот Крис Волас, актерот Адам Драјвер бил прашан за својот изглед.
Имено, водителот констатирал дека Адам не изгледа како типична филмска ѕвезда и го прашал дали тоа му помогнало или одмогнало во неговата кариера во Холивуд. Актерот изгледал изненадено по повод прашањето, но потоа одговорил:
„Изгледам како што изгледам. Не можам тоа да го сменам, па тоа ми помогна.

„Њујоркер исто така ме нарече актер со коњско лице. Се сеќавам кога читав, еден рецензент рече: Неговиот агент веројатно не знае дали да го стави во филм или во дерби во Кентаки. Значи, доколку верувате во добрите работи, мора да верувате и во лошите работи. Се трудам ништо да не впивам“, додал актерот.
Фановите на актерот набрзо на социјалните мрежи го критикувале Волас којшто го напуштил „Fox News“ во декември 2021 година после 18 години работа.
„Овој тип којшто го интервјуира Адам Драјвер е некој вид на ѓубре?“, бил еден од коментарите.
„Крис Волас има храброст да каже нешто за изгледот на Адам Драјвер“, „Мажите како Крис Волас изгледаат како желки и изгледаат глупаво“, рекол друг фан.
„Крис Волас има смелост да каже нешто за Адам Драјвер, тоа е лудо“, рекол друг обожавател.



