За 14 осомничени 30 дена притвор поради трговија со дрога и оружје

Date:

Скопскиот кривичен суд им изрече 30-дневен притвор на 14 осомничени како членови на криминални групи за трговија со дрога и оружје. Од Обвинителството информираат дека на еден од уапсените лица му бил одреден куќен притвор поради неговата здравствена состојба. По три лица се уште се трага, па за нив е одреден затворски притвор во отсуство. Се работи за осомничените кои вчера беа лишени од слобода по неколкумесечна истрага за нивните криминални активности.

„На 14 осомничени за трговија со дрога и оружје, кои вчера беа уапсени во акција на специјалните полициски единици, под раководство на надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, им беше одреден 30 дневен притвор“, наведоа од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Во операцијата биле осомничени вкупно 18 лица. Акцијата била фокусирана на локации во скопските населби Карпош, Кисела Вода, Ченто, Шуто Оризари, како и Арачиново.

„12 осомничени се товарат за кривично дело неовластено производство и тргување со наркотици, 5 лица за кривично дело производство, поседување, посредување и неовластено тргување со оружје или експлозив, а едно лице е обвинето за двете кривични дела“, додаваат од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Ако бидат осудени, осомничените за трговија со дрога им се заканува казна затвор од најмалку пет години, а на оние за неовластено производство, поседување и трговија со оружје им се изрекува затвор од најмалку осум години.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во...

Да се знае кој е кој: “Кралевите“ чекаа во ред да се поздрават со НАЈГОЛЕМИОТ!

Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и...

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...

Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на...