Претседателот на Македонија Стево Пендаровски вечерва за Сител ТВ, изјави дека нема контакти со бугарскиот претседател Румен Радев и дека последен пат кога се видел со него било минатата година на Мини самитот за енергетика во Софија.

„За танго треба двајца. Не зборувам лично. Објективно, изминативе две години Бугарија имаше серија провокации кон нас и излезе со аргументи за наша блокада кон Европската унија каква што немало во историјата на ЕУ од 57-ма година во минатиот век до денес, ниту една држава не блокирала друга држава со тоа што им велеле дека вие не сте тоа што мислите дека сте. Да зборуваш за идентитетска политика и да ми кажеш дека јас не сум Македонец и дека само ако ги сменам сите учебници и историја, тоа беа првите барања, дека тогаш само може да напредувам кон Европа. Ние можеме да глумиме, средби, кафе пиења и така натаму. Но, не! Последниве две години немам ниту еден конструктивен разговор со Радев“, изјави македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју за Сител телевизија.

Отворањето на бугарските клубови во Македонија, според Пендаровски, е една од можните причини за зголемување на незадоволството кај граѓаните од францускиот предлог. Тој додаде дека во Македонија има политичари кои сакаат постојано сакаат да прават добар амбиент за преговори и да спуштаат тензии.

„Јас не сум од тие. Јас додека сум тука и сум платен да ги штитам интересите на македонскиот народ и македонските граѓани, истакна Пендаровски.