ЗА СТАНОВИТЕ НА ВОДНО: Роднини и блиски до семејството Мијалкови се наддавале

Date:

Роднини и блиски до семејството Мијалкови се наддавале за становите на Водно конфискувани од екс шефот на УБК, открива Призма.

Тројца од четворица наддавачи за становите конфискувани од екс шефот на УБК, Сашо Мијалков биле поврзани со семејството Мијалкови.

Призма објавува дека освен фирмата „Бест веј инвестмент“ неговиот син Јордан Мијалков, која победи на јавното наддавање конкуренција му биле и фирма-ќерка на Бест веј – „Омпетрол оил“, но и сестрата на сопругата на Јордан Мијалков. Единствено за четвртиот наддавач од Призма не нашле поврзаност со семејството на поранешниот прв човек на тајната полиција Мијалков.

Претходно, становите и гаражата на Славејко Арсов на Водно ги купила фирмата на неговиот син Јордан.

Во ноември лани овој имот беше продаден на јавно наддавање преку Агенцијата за управување со одземен имот, каде беше свикана и прес-конференција на која тие тврдеа дека биле заплашувани од сопствениците на имотот при самите обиди за продажба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...