За само седум месеци, 15 сторители кривично се гонат за измами со брзи кредити

Date:

Од почетокот на годинава заклучно со месец јули пријавени се 65 случаи на злоупотреби на лични податоци и измами со таканаречени брзи кредити, за кои поднесени се девет кривични пријави, а кривично се пријавени 15 сторители, информирал денеска на координативен состанок министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.



Тоа е сериозно зголемување случаите во однос на претходната година, кога биле евидентирани 43 случаи на злоупотреба на лични податоци/измами со брзи кредити, за што до Основното јавно обвинителство поднесени биле 16 кривични пријави за 24 сторители.

Поради ваквата зачестена појава денеска беше одржан координативен состанок кој вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска го реализираше со надлежните институции и претставници на Групација на небанкарски финансиски друштва, со цел да се преземат брзи и зајакнати мерки за справување со злоупотребата на личните податоци на граѓаните и нивно незаконско задолжување со таканаречените „брзи кредити“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...