За половина година во 2023, македонското овошје и зеленчук се пласирани на пазарот во Украина во вредност од 10 милиони евра.
„Во 2023, во Украина се извезени земјоделско-прехранбени производи во вредност од 10,3 милиони евра. Најголемо учество во извозот има зелката, во количина од 12.288 тони и вредност од 6,8 милиони евра. Потоа следат доматите, во количина од 244 тони и вредност од 406 илјади евра, праски и нектарини, во количина од 473 тони и вредност од 395 илјади евра, компир во количина од 711 тони и вредност од 297 илјади евра кромид во количина од 256 тони и вредност од 160 илјади евра. Исто така, извезени се помали количини на моркови, пиперки, кајсии, сливи, јапонско јаболко“, одговорија од Министерството.
Пласманот на македонското овошје и зеленчук на украинските пазари дојде по забраната за извоз во Русија по инвазијата врз Украина во февруари 2022.
Украина беше замена за рускиот пазар, кој македонските одгледувачи го загубија. Во 2023 на рускиот пазар било извезено овошје и зеленчук од еден милион килограми, во висина од 3,8 милиони евра што е опаѓање за 58% во споредба со 2022. Ова е во периодот додека да стапи забраната за извоз.