Во последните 5 години, 939 лекари се иселиле од земјава, според податоците од издадените лиценци за работа надвор од земјава. Но кој ќе остане да ги лекува граѓаните? Во некои општини како Дојран и Чашка воопшто нема матични лекари. Доколку продолжи овој тренд, за 5 до 10 години нема да имаме воопшто матични лекари, предупреди претседателот на општите лекари Драган Ѓорѓиевски.
За недостигот од матични лекари и услуги во некои амбуланти, министерот за здравство Беким Сали рече дека треба да се редуцира бројот на здравствени институции во некои општини, земајќи ги како пример Струга и Охрид.
„Намалување на здравствените институции, но не и на работните места. Што значи дека не треба да имаме 8 дежурни во два блиски града кога можеме да имаме двајца, односно сето ова да се рационализира и работиме во таа насока“, вели Беким Сали.
Но, што е досега направено за да се запре овој егзодус на лекари?
Од Министерството за здравство, наведоа повеќе мерки, како што е можноста секој млад лекар да се вклучи во јавниот здравствен систем и да биде платен за својата работа и да стекне соодветно искуство.
Велат дека значително се зголемени платите на лекарите, медицинските сестри, медицинскиот и немедицинскиот персонал, дека се обезбедени средства за вложениот труд на приватните специјалисти, со кои тие земаат плата за својата работа, додека на крајот напоменуваат дека од од 1 јануари годинава вредноста на капитациониот бод за матичните лекари по општа медицина, гинекологија и стоматологија е зголемена.
„секој нов лекар доби можност да се вклучи во јавниот здравствен систем, се плаќа за својата работа и стекнува соодветно искуство“.
„Значително се зголемени платите на лекарите, медицинските сестри, медицинскиот и немедицинскиот персонал“.
„се обезбедуваат фондови за вложениот труд на приватни специјалисти, со кои тие земаат плата за својата работа“.
„Од 1 јануари годинава вредноста на капитациониот бод е зголемена за матичните лекарите од општа медицина, гинекологија и стоматологија“.
За заминувањето на лекарите се изјасни и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, кој како причина ја наведува неизградбата на болнички центри, според него, дополнителен негативен фактор е забраната за проектот за обука на нашите лекари во најнапредните медицински центри во светот.