ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЛЕКТОРАТ ВО РИЕКА ПОСЕБНА ЕМИСИЈА НА ХРТ, ЛЕКТОРКАТА БИТОЛЧАНКА

Date:

Со одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се истакнува важноста на лингвистичката разновидност и повеќејазичното образование. Јазиците се незаменлив израз на човековата креативност. Тоа го знае и проф. Билјана Стојановска, која предава на Лекторатот по македонски јазик при Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска. Од мали нозе чита, пишува бајки и друга проза, ментор е на младите ученици кои ги воведува во тајните на македонскиот јазик и култура. Таа пристигна во Риека од родната Битола, продолжувајќи да ги развива и плете македонските културни врски.

Стојановска е лектор и на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при УКИМ во Скопје. Сето ова во една прекрасна приказна е прикажано во документарецот на Хрватската телевизија „Дворец од букви“, во емисијата „Малцински мозаик“.

Оваа година Лекторатот по македонски јазик одбележува 16 години постоење. На крајот на часовите има дел посветен на македонската култура, во кој се прикажуваат филмови, изложби, презентации, книги. Во еден од тие часови прикажан беше и филмот за Битола, родниот град на Билјана која сама го режирала. Во емисијата лекторката зборува за своите почетоци кога пристигнала во Риека во 2018, а студентите зошто го избрале изучувањето на македонскиот јазик, за „поблиску да ја запознаат македонската надалеку позната традиција и култура“, како што самите изјавуваат.

Тука е си соработката со македонското културно друштво „Илинден“. За крај во емисијата ја испеаа „Битола мој роден крај“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија во силна група на ЕП, на мегдан со непобедливата Данска

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското...

НБА: Минесота го елиминираше Голден стејт за финале во Западната конференција

Кошаркарите на Минесота успеаја да победат дома против ослабените...

Атанас Петров со нов сингл „Манири“ – свежа енергија и модерен звук

Со децениска музичка посветеност и искрена љубов кон сцената,...

Блејк Лајвли, наводно, ѝ се заканувала на Тејлор Свифт за јавно да ја поддржи во судскиот спор

Блејк Лајвли, наводно, се заканувала дека ќе објави срамни...