За Македонија 2024 ќе биде година на избори

Date:

Годинава која почна ќе биде во знакот на избори, и наши и европски.

Сѐ ќе застане на неколку месеци поради претседателските и парламентарните избори во Македонија, но и во ЕУ поради изборите во Европскиот парламент.

За застојот во економијата не се грижиме бидејќи економијата и онака е колабирана и без нови странски инвестиции а постоечките едвај живуркаат.

Последното место по раст на БДП во регионот со години е резервирано за Македонија.

Изборната процедура ќе почне веќе на крајот на овој месец кога треба да биде изласана техничката владата.Т.н „Пржинска влада“ е наследство од СДСМ кога по секоја цена сакаше да влезе во власта без избори.

ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција предлагаше таа да се укине но СДСМ одби. Така последните сто дена премиерот треба да биде Албанец.

Последните анкети покажуваат речиси двојно водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Слична е состојбата и за претседателските избори.Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се избере на втори март се очекува да има најмалкку 150.000 предност пред најверојатниот избор на СДСМ Стево Пендаровски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...