За едни пристигна лекот Трикафта, за други остана надежта-борба на пациентите со цистична фиброза продолжува

Date:

Оваа година започна среќно за дел од пациентите кои беа во исчекување на лекот Трикафта. Последниот работен ден од минатата година – во петокот, уште двајца пациенти го добија лекот.

Во моментот тие се наоѓаат на Клиниката за детски болести и нивната здравствена состојба е стабилна. Во новата година, пациентите со цистична фиброза добиваат подобар квалитет на живот, стои во објавата на Министерството за здравство.

Сепак, трикафта не добија сите.

Еден од пациентите со цистична фиброза, Игор Пехчевски се уште чека да биде повикан за да го прими лекот.

Тој всушност е и првиот кој преку социјалните мрежи и медиумите информираше за недостатокот од терапија.

„Се надевам дека во текот на денот ќе добијам повик од докторите на Детската клиника како што беше најавено, дека во првата недела од новата година ќе добијам лек“ истакна Пехчевски.

За следниот период надлежните најавуваат дека повеќе пациенти според етапи ќе ја добијат терапијата.

Алармот за неопходноста од лекот Трикафта за пациентите со цистична фиброза го крена Благојче Илијевски, кој почина на 8 февруари минатата година, чекајќи го лекот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Што се случува со Џастин Бибер? Пејачот се прошета по бањарка, изледа неуредно и депресивно

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер (30) повторно предизвика загриженост во јавноста...

Кевин Спејси повторно тужен за сексуално злоставување

Холивудскиот актер Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуално...

Колин Хувер се врати на „Инстаграм“ и ги избриша сите фотографии со Блејк Лајвли

Авторката на бестселерот „Завршува со нас“ Колин Хувер се...

На концерт на Шакира публиката скандира против Пике

Публиката на концертот на Шакира во Рио бурно скандирала против...