За еден месец над 10 илјади деца во земјава примија пропуштена и редовна вакцина

Date:

Здравствените власти во системот на невакцинирани деца во Скопје, успеале да лоцираат дека 4.991 дете од општините Гази Баба и Чаир ја пропуштиле вакцинацијата, а од нив се вакцинирани само 20 отсто, односни 982 деца, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Извештајот го опфаќа бројот на вакцинирани лица од 18 јануари до 14 февруари, а од ИЈЗ велат дека е изработен согласно податоци доставени од Здравствен дом Скопје, од Службите за вакцинација од Гази Баба и Чаир, а службите за вакцинација од Карпош, Кисела Вода и Центар до затворање на информацијата не доставиле податоци. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина (392; 40%).

Бројот на заболени од голема кашлица достигна до 46 регистрирани лица во државата. Според последниот извештај на институтот за јавно здравје за само една недела од 9 до 15 февруари има зголемување на заразените за 21 процент во споредба со претходниот 7 дневен период.

Најмногу заболени и натаму има во Скопје 84,6%0, а останатите се во Куманово, Тетово, Гостивар. Најголем број заразени се деца на возраст до 4 години, кои не се вакцинирани или се некомплетно вакцинирани. Постои епидемиолошка поврзаност меѓу заболените лица (пет групи по два случаи).

64,1% од заболените не се вакцинирани. Просечниот опфат со вакцина против голема кашлица има тренд на опаѓање. Од 18 јануари до 14 февруари, во Скопје се утврдени околу 5000 деца кај кои е пропуштена вакцинација, од нив доплнително се вакцинирани 982, додека пак низ останатите градови, во истиот период, констатирано е дека кај 4 197 е пропуштена вакцинацијата, а дополнително се вакцинирани 23 отсто. Во Битола, засега нема регистрирано заболни од голема кашлица, но сепак интересот за имунизација секојденевно расте.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...