Ким Кардашијан е многу нешта – ријалити ѕвезда, деловна жена, модел, дизајнер… но пред се мајка на четири деца.

Познатата Американка со ерменско потекло со раперот Канје Вест ги има ќерките Норт и Чикаго и синовите Псалм и Сент, а  Сент е познат како голем љубител на фудбалот.

За разлика од поголемиот дел од Америка, Сент Вест е опседнат со европскиот фудбал, па мајка му го носи на Стариот континент секоја слободна можност да ги гледа натпреварите на најпопуларните тимови.

Така, на почетокот на годината го однесе на мечот на Арсенал,а се беше прикажано во новата епизода на реалното шоу „Кардашијанс“ во која видовме дека Сеинт не бил толку воодушевен од изненадувањето што му го приредила мајка му.

Организирала лет со приватен авион се упатила од Лос Анџелес за Лондон,договорила нејзиниот син да се сретне со некои од фудбалерите,да разговара преку видео повик со играчите кои не биле присутни во текот на денот, а тој сепак да каже :

– Ова е најлошиот ден во мојот живот.

Тоа е дека Ким заборави да го земе дресот од Арсенална Сент,кој го купил специјално за патувањето.

– Го оставив дома.Јас сум најлоша – рекла Ким со жалење.

Инаку, Ким откри и дека ангажирала машка дадилка за да го надокнади тоа што таткото на нејзините деца Канје Вест повеќе не живее со нив.

– Мислам дека во мојата куќа,во целото мое семејство доминираат жените,па затоа вработив маж.Навистина сакав маж во близина да ги земе од училиште,да ги носи на спорт,но бев преплашена што ќе каже нивниот татко за тоа – признала Ким, која по разводот имала сложена врска со раперот.

Меѓутоа,открила дека Кање учтиво се претставил и дека е љубезен и фин со новата дадилка.