Зајакнати контролите: Дали во Македонија има од опасните пијалоци од Хрватска кои предизвикаа хемиско труење?

Date:

Се зголемува бројот на лица во Хрватска кои се пријавиле кај лекарите во различни делови на хрватска поради сомневање за труење од газирани пијалаци.

Најмногу пациенти дошле во болницата во Загреб, дури 17 лица. Еден пациент е задржан на болничко лекување во загребската клиничка болница и уште еден во болницата во Риека.

Македонската Агенција за храна и ветеринарство информираше дека состојбата со труењата во Хрватска се следи но досега нема информации дека од штетните пијалоци има на македонскиот пазар. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја.

Четири лица се хоспитализирани поради труење со газиран пијалак во Хрватска. Три лица завршиле во болница во Загреб, а едно во Ријека.

Млад човек во вторникот бил примен во Клиничко-болничкиот центар во Загреб, а постои сомнеж дека бил отруен откако го испил пијалакот „ромеркел“ (romerquelle) во кафуле.

Полицијата врши увид и зема мостри од спорниот пијалак за понатамошна анализа и истрага.

Хрватскиот институт за јавно здравје ги добил мострите од безалкохолни пијалаци кои санитарната инспекција ги доставила по истрага во кафуле во Ријека, каде на едно лице неодамна му се слошило, а резултатите од анализата ќе бидат доставени до Државниот инспекторат.

Станува збор за 19-годишен млад човек, кој завршил во болница во Ријека со сериозни повреди на хранопроводот и стомакот откако испил безалкохолен пијалак во ресторан.

Иако тоа се случи во саботата, на 4 ноември, никој од надлежните не реагираше до вторник, а пораките за наводните труења на големо се проширија на социјалните мрежи.

Пораките се дека киселина опасна по живот завршила во шишињата откако цевките биле исплакнати со хемикалии во фабрика за пијалаци.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош им порача на граѓаните дека е најдобро да се пие вода, бидејќи во овој момент никој не може да каже дали е безбедно да се консумираат газирани пијалаци.

Хрватските медиуми ги спомнуваат и случаите на момче во Крапина кое пред неколку недели завршило во болница откако испило сок од јаболко и на маж од Пула чиј хранопровод е тешко повреден откако испил чаша минерална вода во ресторан во Ријека во мај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...