Затворија големите хотели покрај Охридското езеро

Date:

Затворија големите хотели покрај Охридското езеро. Причина се скапата струја и производи и малиот број гости. Повторно ќе отворат на 1 март. Дотогаш вработените ќе бидат на принуден одмор.

„Ако до новогодишните празници некои од хотелите работеа, поголемите хотели на Охридско-струшката ривиера на почетокот на новата 2023 година и дефинитивно ставија клуч на врата“, известува Мики Трајковски, новинар на Алсат.

Според најавите, тие повторно ќе отворат на 1 март, ако приликите и условите тоа го дозволуваат. Вакво нешто се случува за прв пат после нивното долгогодишно работење. Тоа не го направија ниту во време на ковид пандемијата, но економската и енергетска криза ги принудила на ваков чекор.

„Досега хотелот нема затворени во овие мои 12 години… Но, оваа година навистина немаше никаква математичка исплатливост хотелот да остане отворен со сите зголемени трошоци кои се годинава“, рече Ана Јанчева-менаџер на хотел.

Но, што ќе се случува со вработените?

„Вработените моментално користиме годишни одмори. И се надевам дека и така ќе остане. Доколку не, сигурно ќе има одлука на бордот на директори за 70%“, изјави Ана Јанчева-менаџер на хотел.

Принуден одмор со земање на 70% од платата веќе користеа како мерка некои хотели. Од Хотелската асоцијација на Македонија велат дека било неизводливо да продолжат со работа во овој период поради драстично зголемените трошоци за енергија и поскапите производи.

„Не е лесно да се затвори еден голем објект, па повторно да се отвори, но околностите не донесоа дека мораме тоа да го направиме“, велат од Хотелска асоцијација на Македонија.

Претстојната сезона хотелите на пазарот најавуваат дека ќе настапат со аранжмани кои ќе бидат за 30-40% поскапи од лани.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ETHNIC ORGANIZATION OF THE MACEDONIANS IN USA AND CANADA BETWEEN THE TWO WORLD WARS (10)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

УНГАРИЈА ЗАПЛЕНИ УКРАИНСКИ КОМБИЊА СО 80 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ЗЛАТО, УКРАИНА ЈА ОБВИНИ ЗА КИДНАПИРАЊЕ

Унгарските даночни власти кажаа дека уапсиле седуммина Украинци и...

ЕСЧП ја прифати жалбата на Апасиев против Џафери за одбиеното барање за референдум за „францускиот предлог“

Политичката партија Левица денеска соопшти дека Европскиот суд за...