Зарина Првасевда e победник на Upbeat наградите за најдобар нов талент

Date:

Европската Upbeat платформа поддржана од организацијата „Хангвето“ од Будимпешта го прогласи победникот за Најдобар нов талент на 2023 година, награда која става фокус на најдобрите европски претстојни артисти.

Од 10 номинирани кандидати, преку јавното гласање на ниво на цела Европа, публиката го прогласи финалниот победник македонската пејачка Зарина Првасевда. Применувајќи го уникатниот сензибилитет на нејзината интерпретација врз народното музичко наследство, Зарина создава срдечен и свеж израз на македонскиот фолклор. Како награда за оваа победа, таа добива снимање на видео со „Ла Блоготек“ во нивното славно „Take Away Show“ и настап на енергичната и единствената ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал, која ќе се одржува од 30 ноември до 2 декември во Скопје.

Upbeat, првата европска платформа за шоукејс фестивали ја лансираше наградата за Најдобар нов талент за да го нагласи значењето на уметниците во подем и музичкото богатство задушено од генеричката поп култура. Жири од експерти, прочуени музички професионалци, критичари и познавачи на индустријата внимателно селектираа десет номинирани кандидати од вкупно стотина артисти кои настапувале на фестивалите организирани од членовите на Upbeat низ годината. Финалниот победник беше избран од публиката со приближно четири илјади гласачи од цела Европа кои го поддржаа својот омилен артист.

Со најголем број на гласови, победник е исклучителната музичка уметница од Македонија, Зарина Првасевда која свири и македонска и светска традиционална музика. Таа има соработувано со артисти ширум светот, а исто така има работено и на филмски проекти. Балансирајќи го своето раскошно наследство со автентичното самоизразување, Зарина Првасевда го пронајде сопствениот глас на нејзиниот деби албум „Ехо“. Нејзината вокална техника е вкоренета во источноевропските и ориенталните традиции, кои ги комбинира со инструментален и ритмички диверзитет. Со срдечен и свеж поглед кон македонското наследство, „Ехо“ содржи единаесет традиционални песни на четири различни јазици. Како уметник кој не го ограничува својот ангажман со музиката, покрај жанровски вкрстувачките уметнички соработки и доближувањето на македонското наследство до пошироката публика, Зарина е позната и по тоа што се приклучи на напорите Шар Планина да се прогласи за национален парк.

„Доаѓајќи од мала држава, патот до видливоста е несомнено потежок, но мојата верба, труд и напорна работа, благодарение и на поддршката од страна на платформите како што е Upbeat кои успеваат да ги воочат, на крај се исплатат. Оваа награда е големо достигнување за мене и за мојата држава. Благодарение на сите добри луѓе кои гласаа, благодарение на Upbeat, ние одиме напред со уште повеќе музика која ја топли душата, онаа која се размножува кога ја споделувам“, изјави Зарина Првасевда.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...