Во Унгарија започна снимањето на филмот „Modì“, кој го следи животот на италијанскиот уметник Амедео Модиљани. Главната улога му припадна на италијанскиот актер Рикардо Скамарчи, а покрај него во филмот ќе играат Ал Пачино, Пјер Нинеј и Луиза Раниери, пишува „Вараети“ (Variety).

„Modì“, кој е втор долгометражен филм на Деп, го означува неговото враќање на режисерското столче 25 години по „The Brave“, во кој дебитираше како режисер и глумеше заедно со Марлон Брандо. Деп неодамна глумеше како Луј XV во „Jeanne Du Barry“ на Мајвен, што беше неговата прва актерска улога по судењето за клевета од поранешната сопруга Амбер Херд во 2022 година.

Заснован на драмата на Денис Мекинтајр, филмот ќе ја раскаже приказната за славниот сликар, за време на неговиот престој во Париз 1916 година, во кој 48 часа бегаше од полицијата низ улиците и баровите на разурнатиот Париз. Тоа се околу два дена кои станаа пресвртница во неговиот живот и на крајот ја зацементираа неговата репутација како уметничка легенда.

Се очекува продукцијата на „Modì“ да се пресели во Италија по неколку недели снимање во Будимпешта.