Првите бодови на Светското ракометно првенство ги обезбеди репрезентацијата на Исланд која во Кристианстад со 30:26 славеше над Португалија.
Португалците во ниту еден момент не беа во позитива, но дадоа силен отпор против Исланѓаните. По првото полувреме беше 15:15.
Во вториот дел при резултат 24:24, Исланд до крајот на средбата постигна шест голови, а прими само два. Елисон беше најефикасен во исландската селекција со девет погодоци, а еден помалку имаше Портела за Португалија. Во рамките од групата „Д“ претходно Унгарија ја оправда фаворитската улога против Јужна Кореја.
Шведска, еден од домаќините на СП, во Гетеборг со 26:18 го надигра Бразил во групата „Ц“. Најрасположен беше Готфридсон со шест голови, а за „кариоките“ Родригеш запиша четири погодоци.
Шпанија во Краков со 30:25 во групата „А“ ја совлада Црна Гора. За победникот Одриозола шест пати се запиша во листата на стрелците, а кај Црногорците прв стрелец беше Б. Вујовиќ со седум голови.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]