Започната истрага против фронтменот на „Рамштајн“

Date:

Германската полиција отвори истрага против пејачот на германската метал група „Рамштајн“, за серија наводни сексуални вознемирувања, пишува „Би-би-си“.

Неколку жени излегоа со сведоштва дека 60-годишниот Тил Линдеман ги врбувал за секс по концертите на „Рамштајн“.

Една од нив е и Шелби Лин од Северна Ирска, која верува дека ѝ била ставена дрога во пијачката и дека била „подготвувана“ на секс.

Пејачот ги отфрли сите обвинувања, а неговите адвокати велат дека тие се „без исклучок, неточни“.

„Започнати се подготвителни дејствија за истрагата против Тил Линдман, врз основа на обвиненија за сексуално насилство и трговија со дрога“, изјави портпаролот на јавниот обвинител во Берлин.

Полицијата соопшти дека самоиницијативно отворила истрага, но и врз основа на неколку кривични пријави поднесени од трети лица, кои не биле директно вмешани во инцидентите.

Дваесет и четиригодишната Шелби Лин ги искажа своите обвинувања во мај годинава.

„Постои организиран систем на регрутирање девојки“, рече таа во интервју за „Би-би-си“.

Лин тврди дека, по концертот на „Рамштајн“ во Литванија, била спроведена во мала соба зад бината, каде потоа пристигнал и Линдеман. Таа вели дека заминала од собата откако сфатила дека станува збор за сексуална работа.

Нејзините обвинувања предизвикаа лавина признанија за сексуален напад, при што многу жени и девојки веруваат дека тие, како Лин, биле издвоени на социјалните медиуми од страна на една Русинка за да имаат секс со Линдеман.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пензискиот фонд на стаклени нозе – се бара дури и поместување на прагот за одење во пензија на 67 години

Мислење на Фискалниот совет за 5-годишната стратегија на владата...

Едно лице повредено во пукање во Чаир, МВР го истражува случајот

Едно лице е повредено во пукање што денеска се...

Загадувањето со смртни последици – Протестен марш за чист воздух на 10 декември во Скопје

Иницијативата „Зелен хуман град“ најави протестен марш за чист...

Тошковски за Радио Лидер: Не им успеа обидот за дестабилизација

„МВР има капацитет да одговори на ваквите предизвици, тоа...