Запечени тиквички со морков и сирење – едноставен прилог за целото семејство

Date:

Сочните тиквички, морковот и сирењето се печат заедно со јајца, а одозгора се создава фина златна коричка. Овој едноставен прилог одлично се комбинира со месо или риба, но може да се послужи и како лесен самостоен оброк.

Потребно:

  • 700 г тиквички
  • 2 моркови
  • 3 јајца
  • 150 г фета или ситно сирење
  • 100 г кашкавал
  • 1 мала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици презла
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици свеж копар
  • Сол и бибер по вкус

Подготовка: Тиквичките крупно изрендајте ги, малку посолете ги и оставете ги околу 10 минути. Потоа добро исцедете ги со раце од вишокот течност. Морковите изрендајте ги, а кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Во поголем сад изматете ги јајцата, па додадете го издробеното сирење, исцедените тиквички, морковот, кромидот, лукот, презлата и сечканиот копар. Посолете и побиберете по вкус, па добро измешајте додека сите состојки не се соединат. Огноотпорен сад премачкајте го со маслиново масло и распоредете ја подготвената смеса. Израмнете ја површината и посипете со рендан кашкавал. Печете во загреана рерна на 190 °C околу 35–40 минути, додека зеленчукот не омекне, а површината не добие златна коричка. Оставете го прилогот да се излади околу 10 минути пред сечење, а потоа послужете го топол или ладен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Еурофарм Пелистер немоќен на гостувањето кај Гумерсбах во ЕХФ Европската лига

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз...

Јорданскиот крал Абдула Втори во посета на Австралија

Јорданскиот крал Абдула Втори денеска пристигна во Австралија во...