ЗАПАДНИ ТРУПИ ВО УКРАИНА ЌЕ БИДАТ ЛЕГИТИМНИ МЕТИ ЗА РУСИЈА, КАЖА ПУТИН

Date:

Владимир Путин изјави дека секакви западни трупи распоредени во Украина ќе бидат легитимни мети за напад од Русија, предупредувајќи ги сојузниците на Киев додека дискутираат за идни безбедносни гаранции. Путин се огласи ден откако Емануел Макрон кажа дека 26 западни сојузници се согласиле да распоредат копнени, поморски и воздушни сили во Украина веднаш по постигнување прекин на огнот.

„Ако некои трупи се појават таму, особено за време на воените операции, тие ќе бидат легитимни мети за уништување. А, ако се донесат одлуки кои ќе водат кон долготраен мир, тогаш не гледам смисла во нивното присуство на територијата на Украина“, кажа Путин на економски форум во Владивосток.

И Кремљ претходно отфрли секаква ситуација во која странски трупи би биле стационирани во Украина како безбедносни гаранции за земјата.

Коментарите на Путин го истакнуваат јазот помеѓу ставот на Москва и оној на Киев и неговите западни сојузници во врска со идните безбедносни гаранции за Украина по каков било договор за завршување на три и полгодишната војна. Украина бара силна поддршка од западот за да се заштити од иден напад. Франција и Велика Британија, кои ја предводат „коалицијата на волните“, најавија дека се отворени за распоредување трупи во Украина по завршувањето на војната. Доналд Трамп изјави дека САД нема да распоредат трупи на терен, но можат да обезбедат друга поддршка.

Путин рече дека мора да се воспостават безбедносни гаранции и за Русија и за Украина.

„Уште еднаш повторувам: Русија ќе ги спроведе овие договори. Но, никој досега не разговарал за ова со нас на сериозно ниво“, рече тој.

Додаде дека средба со Володимир Зеленски моментално нема смисла зашто е невозможно да постигнат договор за клучни прашања.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related