Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува

Date:

На прес-конференција, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека по иницијатива на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, денеска во Собранието започна надзорната расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик. Од СДСМ велат дека целта е да се утврдат причините за, како што наведуваат, нефункционирањето на Законот и институционалните пропусти во неговата примена.

На прес-конференција, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека иницијативата за одржување на расправата била поднесена на 23 март, но, според неа, поради одолговлекување од страна на власта и Собранието, наместо во мај, расправата започнала дури денес.

„Законот беше донесен во јануари 2024 година, а освен именувањето директорка на Инспекторатот во април 2025 година, практично ништо друго не е реализирано. Вработени се двајца инспектори пред половина месец, кои допрва треба да поминат обука за да можат да вршат надзор“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа оцени дека и покрај тоа што Законот е донесен пред повеќе од една година и половина, неговите клучни одредби сè уште не се применуваат во пракса и дека институциите не ги исполнуваат законските обврски.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека на надзорната расправа се поканети претставници на надлежните институции, академската заедница, стручната јавност и медиумскиот сектор, со цел да се утврди каде е застојот во примената на Законот.

Воедно, таа ги повика сите поканети да го потврдат своето присуство за расправата да може да продолжи и да заврши со конкретни заклучоци.

Според неа, Законот бил донесен по едногодишна јавна дебата и со широк политички консензус, поради што, како што рече, заслужува доследна примена.

„Овој закон заслужува да функционира. Требаше да обезбеди вработување лектори по македонски јазик во институциите, училиштата, медиумите и издавачките куќи, како и функционален инспекторат за македонскиот јазик, но тоа сè уште не е реализирано“, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека, според СДСМ, и по повеќе од една година од донесувањето на Законот нема суштински напредок.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мбапе и Дембеле ја одведоа Франција во полуфиналето на СП

Франција продолжува да маршира кон светската титула. „Триколорите“ го...

Супер победа за Силекс – прва на гости во нивната историја!

Со гол од пенал на Есмир Хасукиќ во 42...

КРЦКАВО ПРЖЕН КАШКАВАЛ СО ЗЕЛЕНЧУК

Доколку сакате брз и вкусен оброк што сите ќе...

МОНОГРАФСКО ДЕЛО ЗА ГОЛЕМИОТ ЧУВАР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (50)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во...