Законот за амнестија за убијците во Монструм и други криминалци нема да помине, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

Date:

Законот за амнестија за убијците во Монструм и други криминалци нема да помине ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира, а при ставено европско знаменце напушта парламент, уште еднаш порачаа од најголемата опозициска партија.

Од партијата се децидни дека ќе блокираат, како што велат, убијците од Монструм, криминалци кои извршиле тешки кражби, кои переле пари, кои правеле измами да бидат амнестирани.

-Власта прави договор со мафијата за да и одработи пред избори. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи дерогирање на правото и ќе направиме се да се спречи своеволието на власта, обвинуваат од „Белата палата“.

Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце – одговор од Министерството за правда. Од таму велат, ВМРО- ДПМНЕ да не зазема став на празно, кога се информирани уште од првиот ден за сите детали.

Вчера од Министерството за правда порачаа дека законот за амнестија е ист како оној од 2018-та година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија.

-Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО- ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема да има. Во однос на најавите за напуштање на Парламентот, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата држава. Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување, велат од Правда.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...