Новиот претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова ја даде свечената заклетва со што стана 6-ти по ред шеф на државата од независноста.

Силјановска при давањето на заклетвата наместо уставното име „Република Северна Македонија“ туку употребуваше Македонија.

Во говорот наведе дека ниту таа верувала дека ќе стане шеф на државата, како што во нејзина победа верувал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Таа во својот говор укажа на големото значење на жените во политиката и дека за сите ќе се грижи за сите еднакво.

-Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани нема да правам разлика ниту по етничка ниту по верска ниту по полова ниту по било каква разлика, рече новата претседателка Силјановска Давкова.

-Време е за единство и за тоа ќе им се обратам на жените. Бидејќи ние покажуваме дека не се грижиме само за себе туку и за сите околу нас, посочи Силјановска во обраќањето кое беше посветено на улогата на жените во политиката и која треба да биде многу поголема.

Гордана Силјановска Давкова е прва жена претседател на Република Македонија.

Грчката амбсадорка во Скопје Софија Филипиду ја напушти собраниската галерија додека траеше заклетвата на новиот претседател Гордана Силјановска Давкова откако Давкова употреби Македонија наместо уставното име.

Филипиду која седеше помеѓу американската амбасадорка Агелер и холандскиот амбасадор Коп веднаш до излезот од галеријата – при првото изоставување на уставното име, стана и среде заклетвата излезе.

Агелер која беше до неа се вртеше додека холандскиот амбасадор Коп на нечие прашање од дипломатски колега во галеријата, ги креваше рацете и се вртеше кон вратата. Агелер потоа седна на местото на Филипиду.