Заемот од Унгарија во Собрание – Обвинувања за корупција

Date:

Законот кој ќе овозможи Македонија да се задолжи една милијарда евра во Унгарија е влезен во собраниска процедура по скратена постапка.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче обвини дека законот е внесен на „шверцерски начин“ и ќе се оневозможи широка дебата. Според него, ќе се овозможи корупцијата да биде озаконета, а сомнеж за тоа гледа во фактот што фирмата која ќе биде одговорна провизиите е од Унгарија, а не кредибилна меѓународна институција.

„Корупција во овој закон се гледа од авион. Како никогаш досега една фирма што ќе биде одговорна за провизиите ја назначува Унгарската банка којашто ги дава парите. Тоа никогаш не било сценарио или случај во нашата земја. Секогаш кога имало некоја меѓународна куќа, таа била етаблирана, позната меѓународна куќа и ја обезбедувала државата со цел да се заштити, а сега некој друг ни кажува кои адвокати и кои фирми ќе ги земат тие провизии“, изјави Венко Филипче од СДСМ.

Премиерот потврди дека ќе биде ангажирана унгарска фирма, најмена за услугите за 70 илјади евра.

„Трошоците ќе изнесуваат 70 илјади евра и тоа е нормална процедура и тоа е десет пати помалку од тоа што сме го плаќале до сега како држава за претходни заеми. Значи, од овие половина милијарда што ќе бидат земени како заем, овие 70 илјади евра се некаде околу 0,1 процент“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...