Македонските граѓани најмногу пушат цигари во регионот. 45,4% од македонското население се пушачи, а според последните анализи на Аналитика тинк-тенк 12,4 % од нив се млади од 13 до 15 години.

Најдоброто решение за намалување на процентот на пушачи и превенција на смртни случаи , според анализите на тинк- тенк е зголемување на цената на цигарите. Според нивните податоци, ако акцизата се зголеми за 30% ,цената на цигарите би се зголемила за дополнителни 22%, а со тоа би можеле да се спасат 7000 смртни случаи на годишно ниво. Освен здравствени, анализите покажуваат и финансиски придобивки, со тоа што со зголемување на акцизата на цигарите, во буџетот би се влеале дополнителни 265 милиони евра на годишно ниво.

Секој оној кој сака да се одвикне од пушачката навика, тоа може да го направи во еден од 10те центри за јавно здравје, каде се спроведуваат специјални обуки за одвикнување од пушење- информира заменик министерот за здравство Маја Манолева.

30% од младите започнуваат со пушење пред 14тата година. 80% од нив не биле спречени кога купувале цигари, што значи дека достапноста до производите од тутун е голема. Како препораки од анализата за намалување на процентот на млади пушачи се и спроведување на законот за забрана на продажба на цигари на малолетници, забрана за пушење во затворени простори, подобра едукација на младите праку кампањи и предвања во училиштата.