Најголемата предбожиќна манифестација во регионот се одржа во Македонија

Date:

Највеличествениот Бадник во регионот, повторно е во Македонија. По завршувањето на најголемата Бадникова манифестација досега, во која бадникови поворки на радоста организираа над 62 градови и населени места во нашата земја, слободно можеме да кажеме дека Македонија никогаш не изгледала поубаво на Бадник.

Првичните проценки се дека околу 25 илјади деца денеска земаа учество во поворките, бројка што ги надмина сите очекувања на организаторите.

Во Скопје, за првпат, Соборниот храм не успеа да ги собере сите коледарчиња одеднаш, па во неколку наврати децата го полнеа храмот, каде што со најголема радост Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан ги пречека и ги даруваше со пригодни подароци.

Ништо помалку масовни не беа и бадниковите поворки во Охрид, Битола, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, а ревносните коледарчиња во огромен број ги наполнија улиците и на Велгошти, Дебарца, Враништа, Ростуше, Јанковец, Могила, Драслајца, Брвеница, Вратница, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Удово, Јосифово, Пирава, Грчиште, Марвинци, Балинци, Брајковци, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Бардовци…

Во сите поголеми градови, Бадниковите поворки беа крунисани со мали божикни концерти на пригодни празнични песни.

За прв пат целата бадникова манифестација беше инклузивна и толкувана на знаковен јазик, за радоста да ја почувствува секој.

Да потсетиме! Децата во поворките ги симболизираат ангелите коишто пеејќи ја ангелската песна Вечниот Бог го најавуваат Христовото Раѓање.

За многу години Бадник!

Христос се Роди!

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доминантна победа на Алкалоид во Италија за чекор кон четвртфинале во Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид со една нога веќе се во...

И Атлетико киксираше, Барселона има можност да го преземе врвот во Примера

По Реал Мадрид и Атлетико Мадрид не успеа да...

Кирјос се огласи за спогодбата меѓу Синер и Светската анти-допинг агенција

Ник Кирјос беше најголем критичар на Јаник Синер во...

Рaванија

Состојки5 јајца10 лажици шеќер1 ванила5 лажици врела вода10 лажици...